ФРОТИРКА компани АД Делчево е формирана на 31.06.1961 година
како фирма во изградба, а со редовно производство има започнато во 1966 година.
Во периодот од отпочнувањето со работа како државно претпријатие
па се до приватизацијата фирма имала свои растови и падови.
ФРОТИРКА компани АД Делчево е приватизирана на 19.12.2000 година
т.е. купена е на берза и потполно е приватизирана.
ФРОТИРКА компани АД Делчево спаѓа во рангот од средни
претпријатија со вкупен број на вработени од 400 работници.
Фротирка компани АД има производен програм од предиво до готов
производ и тоа припрема на предиво, боење на предиво, ткаење,
боење и доработка на фротир ткаенини, конфекционирање на сите
видови фротир производи.
Нашите производи се познати по квалитет на нашите купувачи
во Европа и тоа: Германија, Хрватска, Србија и Црна Гора,
Австрија, Украина, Унгарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија,
Грција и други земји.
Годишниот капацитет на фабриката е преработка на са. 1.000 т
памучно предиво во ткаени и плетени фротир производи. |